Во американската сојузна држава Орегон дошло до престрелка
на автопат. Полицаец поради пребрзо возење запрел еден 34-годишен човек,
кој го нападнал со пиштол.
Американската полиција објавила шокантна снимка од рутинско
сопирање на возач на автопат поради пребрзо возење, кое се претворило во
нешто сосема друго. Видеото го снимила камерата во полицискиот
автомобил, со кој управувал 26-годишниот Мет Зистел.Се' се случило на автопат во американската држава Орегон, на 160 километри источно од градот Портланд. Мет сопрел Кадилак со кој пребрзо управувал 34-годишниот Џон ван Ален. Со него во колата биле неговите три деца.
Веднаш штом застанал на автопатот, ван Ален излегол од возилото. Мет му рекол дека возел пребрзо и неколку пати го замолил да се врати во автомобилот.
Меѓутоа, ван Ален, облечен во војнички пантолони, од непозната причина тргнал кон полициското возило и во еден момент извадил пиштол. Притоа се слушнале неколку истрели, но од снимката не е јасно колку куршуми биле истрелани.