За втората половина се очекува поголема влажност и повеќе периоди со дожд и снег проследени со температури околу нулата. Најстуден период оваа зима ќе остане новогодишниот, што значи позначително заладување нема да има.
Како што ќе наближува месец мар ќе се зголемува снежната покривка на планините и места над 1.600 метри. На планините ќе се формира значителна снежна покривка до крајот на зимата.
Веќе сме 4ти февруари, месецов започна со сончеви периоди и со дожд, денес го видовме и првиот февруарски снег на пониските места и мала снежна покривка која брзо премина во „шљакутарник“. Во наредните денови се очекуваат нови врнежи претежно од дожд и благ пораст на температурите кој ќе трае до петок, врнежите ќе бидат поинтензивни на некои места проследени со град. (06.02), од петок очекуваме ново позначително заладување што ќе донесе утрински температури и до 10 степени под нулата, со тоа врнежите во следната недела ќе бидат претежно од снег. На некои планини снежната покривка ќе изнесува НАД 100цм (повеќе од 1 метар). Што се однесува до пониските места, снегот ќе донесе нова снежна покривка но нема да трае долго. После тој период кон средината на месецов ќе има пораст на температурите и сончеви периоди,ведри зимски денови. Можни се некои циклони на дожд или дожд и снег во пониските места до крајот на месецот што ќе донесат големо количество на вода во реките и НОВИ ПОПЛАВИ.
Последниот зимски месец - март го гледаме со температури над нулата. На планините ќе продолжат снежни врнежи, на ниските места нови врнежи од дожд и мала веројатност за снег. Во крајот на месец март гледаме затоплување и вистинска пролет.
Големата влажност на зимата ќе донесе нови врнежи проследени со обилното топење на снегот проследено со силен ветер и дожд. Нови поплави се очекуваат насекаде низ Македонија.