Видеото снимено во Yellowstone National Park во САД требало да прикаже бизони кои се сместени таму, но очигледно открило и нешто многу поголемо, пренесува Daily Mail.
Имено, според она што се верува, камерата успеала да сними Бигфут – суштество за кое се трага веќе со години. И до сега имаше видео снимки кои се објавени, а на кои наводно се наоѓа ова необично суштество. Па, според што се разликува ова видео од останатите?
По тоа што на видеото, како што тврдат оние кои го анализирале, се гледа не еден, туку четири Бигфута, кои се прикрадуваат позади бизоните.
Како што наведува Daily Mail, изгледа како да излегле на прошетка во паркот. Сепак, има и некои кои тврдат дека се работи само за вешта фотомонтажа.
Погледнете го видеото и пресудете сами: