Неоткриена Русија: 25 нешта кои не сте ги знаеле за оваа огромна земја!

Дека Русите се посебен народ светот се уверува од ден во ден – доволен е само еден поглед кон фотографиите од оваа земја и се е јасно! Меѓутоа, постојат неколку помалку познати факти кои што истовремено се изненадувачки и неверојатни.
Нема што нема во огромната Русија, земја која што се простира на два континенти, па така, иако секојдневно слушаме и гледаме по некоја новост поврзана за Русија, сепак постојат некои факти кои што можеби не сте ги знаеле. 

● Русија е единствената држава на светот која има дванаесет мориња. 

● Планинскиот венец Урал, кој што ја разделува Русија на европски и азиски дел, воедно е и најстариот планински венец во светот. 


● Оддалеченоста помеѓу Москва и Чикаго е помала од оддалеченоста помеѓу Чикаго и Рио де Жанеиро. 

● Санкт Петербург е најсеверниот град во светот со популација поголема од милион жители.

● Површината на Сибир е 9.7 милиони квадратни километри, односно 9% од вкупната површина на Земјата. 

● На денот на отворањето на првиот “McDonald’s” во Москва, со капацитет за 700 гости, 5.000 луѓе формирале колона преку плоштадот на Пушкин уште во 5 часот наутро. Во текот на првиот ден, ресторанот услужил 3.000 гости и ден денес, тој е најпосетениот “McDonald’s” ресторан во светот. 



● Русија никогаш немала робови. Феудалниот период во оваа земја траел пократко отколку во Англија, па затоа Русите не стигнале да ја развијат ваквата навика. 

● На 16.01.1820 година, руските истражувачи Тадеус Белингхаусен и Микаил Лазарев го откриле Антарктикот. 

● Иван Грозни не бил тиранин, за своето време владеел прилично нежно – во споредба со своите европски колеги, тој убил многу помалку луѓе.


● Периодот на чекање на воз во подземните станици во Москва е пократок во споредба со било кое друго место во светот. Во “шпицот” метро се чека максимум 90 секунди. 

● Половина од градот Чељабинск се наоѓа на Урал, а другата половина во Сибир. На грбот на градот е прикажана камила, затоа што иако денес овие животни ги нема, тие на оваа територија живееле пред 200 години, кога градот бил важна дестинација за караваните. 

● Една од најпопуларните компјутерски игри Тетрис е дело на рускиот програмер Алексеј Пазитнов. 


● Не многу одамна во Москва живееле повеќе милионери отколку било каде во светот. 

● Руската јавна библиотека е најголема во Европа и втора во светот. Основана е во 1862 година. 


● УНЕСКО во 2012 година го посочи градот Екатеринбург како еден од дванаесетте идеални градови за живот. 

● Градот Суздал се простира на 15 квадратни километри и има само 10.000 жители, но и 53 цркви. 

● Руските научници ги измислиле телевизорот, електронскиот микроскоп, хеликоптерот, видео рекордерот, фотографиите во боја, вештачкото срце, бензинскиот мотор, комбајнот, пиштолот, синтетичката гума, радиото, проекторот, периодичниот систем, електричната подморница, детергентот и огромен број на други нешта! 

● Во 1930 година руски рибар уловил есетра која во себе имала 245 килограми кавијар.


● Во 1980 година настанал конфликт помеѓу Шведска и Русија затоа што Швеѓаните забележале чудни звуци кои доаѓале од длабочините на морето и претпоставиле дека станува збор за руски подморници. Поголем инцидент бил избегнат откако научниците пронашле риба која што ги произведува чудните звуци, притоа испуштајќи дополнителни гасови. 

● Дача е единствен руски феномен. Рускиот цар Петар Велики на своите слуги им подарувал земјиште на кое што тие можеле да изградат куќи и да експериментираат со архитектурата. 


● Секој владетел од династијата Романов на својот наследник му оставал поголема држава од онаа што тој ја добил од својот претходник. 

● Рускиот астронаут Сергеј Крикалев поставил светски рекорд за престој во вселената - 803 дена! 

● Градскиот парк во Москва е многу поголем од најголемите градски паркови во светските метрополи. Така, московскиот парк е со површина од 15,35 километри квадратни, односно е шест пати поголем од Централ Парк во Њујорк. 


● Во реката Волга постои најголемото поле на диви лотоси во светот. 

● Во мај 1990 година, рускиот весник “Komsomolskaja Pravda” бил продаден во рекорден број на примероци на светско ниво – 22 милиони!

● На списокот на земји каде што најмногу илегално се копираат софтвери, Русија е на скромното 37-мо место, помеѓу Лебанон и Перу. 

● Русија има најмалку 15 тајни градови. Тие не се прикажани на картите и до нив нема патокази. 


● Русија се смета за европска земја, но две третини од нејзината територија се наоѓаат во Азија. 

● Во Русија се до 1917 година можело да се купи пиштол подеднакво лесно како и купувањето на брашно или шеќер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О