Не ја миела косата 31 ден - Еве што се случило!

Италијанката Маргарет Бадоре одлучи да спроведе еден експеримент - како изгледа кога нема да ја измиете косата со шампон 31 ден!

До тогаш ја миела косата скоро секој ден, бидејќи и се мастела брзо, а кога ќе се извалка, од светла кафеава станува темно. Го истражувала ова на интернет, дознала од други луѓе дека најлош е преодниот период кога кожата на главата ви се одвикнува од хемикалиите. Повеќето се согласиле дека овој период трае две недели.

„Лично мене, најлоша ми беше првата недела“ – ја почна приказната Маргарет за Treehugger.com.

„Косата веднаш ми се измасти, но интензитетот се намали веќе после третиот ден. Нормално не изгледаше подобро, изгледаше постојано исто“- вели таа.

Во периодот на експериментот Маргарет не се чувствувала грдо, но во главно ја врзувала косата. Кога поминале две недели, цимерката  искоментирала дека изгледа како да не ја миела косата два дена.

„Се обидов да ја измијам со чај од камилица неколку пати. Единствено убаво мирисаше, но мрснотијата не се намали“- признава Маргарет и додава дека била загрижена да не и се случи нешто со кожата на главата, но не се случило ништо.

Маргарет размислувала и дали способноста да се откажете од шампон зависи од окружувањето и непишаните правила дека убава коса е само чиста коса. Откако поминало 31 ден, таа одлучила дека тоа сепак не е за неа, но не се стрча веднаш да се измие со шампон – ја измила косата со сода бикарбона.

Таа помешала вода и сода бикарбона (сооднос 3: 1) и била повеќе од задоволна. Сода бикарбоната ја собрала сета маснотија и под прстите повторно имала чувство на крцкање на косата од што била чиста.


Маргарет сфатила дека откажувањето од шампон е за луѓе со други типови на коса, а таа планира да го потроши шампонот што и останал во шишето, а потоа да испита и други природни методи за миење на косата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О