Високи очекувања: Еве како жените го гледаат совршеното машко тело

Ако ги прашате мажите и жените како изгледа совршената жена, ќе добиете два сосема различни одговори. Истото важи и за прашањето за совршен маж.

Британската куќа Bluebella која произведува долна облека и секси-играчки спроведе истражување за да ги конструира "совршените" маж и жена. Воопшто, според жените совршената жена е нешто повитка отколку што би сакале мажите. Кај совршениот маж пак пропорциите се главно исти. И едните и другите би сакале мускулесто торзо и нозе како на фудбалер.

Мажите својата идеална жена ја составија од косата на Скарлет Јохансон, лицето на Меган Фокс, градите на Ким Кардашијан, половината на британската актерка Мишел Киган, колковите на нејзината колешка Кели Брук и нозете на Роузи Хантинтон Вајтли.



Жените поради би сакале коса како војвотката од Кембриџ, лице како британската манекенка Кара Делевињ, гради како Џенифер Анистон, половина како Гвинет Палтроу, колкови како Ема Вотсон и нозе како Ел Мекферсон.

За жените пак, идеалниот маж има коса како Хари Стајлс, лице како Џејми Дорнан, бицепси како Бред Пит, торзо како Дејвид Ган и нозе како Дејвид Бекам.

За мажите идеалниот маж има коса како Бред Пит, лице како Дејвид Бекам, бицепси како Хју Џејман, торзо како Рајан Гослинг и нозе како Френк Лампард.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О