Апликации кои треба да ги избегнувате ако сакате подолг век на батеријата на вашиот Android уред

AVG Technologies спроведе истражување за тоа како и кои апликации влијаат врз работниот век на батеријата кај паметните уреди, но и на неговата брзина на работа, употребата на складишниот капацитет и протокот на податоци.

AVG својата анализа ја базирал врз основа на сопствена апликација која била инсталирана кај повеќе од милион Android уреди.

Според извештајот на компанијата AVG, апликацијата која најмногу ја "јаде" вашата батерија е токму Facebook. Тоа е затоа што оваа апликација секогаш работи во позадина, ја следи активноста на мрежата, испраќа известувања и уште низа од други нешта.








Еве ја и комплетната листа на апликации кои најмногу ги трошат ресурсите на батеријата на уредите:

1. Facebook
2. Spotify Music
3. Instagram
4. Path
5. Amazon Android
6. Samsung WatchOn
7. BBM
8. Line
9. 8 Ball Pool
10. Daily Mail Online

AVG исто така ги советува корисниците да не инсталираат и да не користат апликации кои ги зголемуваат оптималните перформанси на уредот. Ваквиот тип на апликации, каква што е на пример Clean Master, дополнително ја оптеретуваат батеријата, но влијаат и врз брзината на работата на самиот уред, неговиот складишен капацитет и протокот на податоци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О