Вака навистина изгледа смртта: „Нема ни светлина ни тунели, еве што видов јас...”

Смртта е само поим кој го измислил човекот. За некои е почеток, за некои е крај. Еден маж кој бил мртов дури два пати, ги раскажал своите искуства...

Свеста е нешто што ниту науката ниту филозофијата не можат да го дефинираат и потребно е човечко суштество за тоа да го доживее и искуси, поточно некој да биде клинички мртов некое време за да може на светот да му раскаже што всушност видел и почувствувал, пишува The Independent.

Еден маж кој умрел два пати на околу две минути, еднаш во мотоциклистичка несреќа, еднаш од предозирање со таблети против болки, ја раскажал на Reddit својата приказна и своите искуства.




За сензацијата смрт


„Немам поим, тоа беше само една црна празнина. Без мисли, без свест, ништо. Двата пати едноставно „не бев таму“. Се беше црно. Би го опишал тоа како кратка дремка, ќе се разбудите и ви се чини дека долго сте спиеле, а всушност поминале само 15 минути.

Ако не ми кажеа докторите дека сум бил мртов, би мислел дека сум спиел без сон.

Дефинитивно не се работеше само за „дупка во сеќавањата“. Беше како спиење без соништа. Не се будите веднаш и не чувствувате дека времето поминало. Знаете дека сте спиеле некое време, а во исто време не можете да се сетите дека нешто сте искусиле, освен ако не сте спиеле. Да, искусив нешто, а тоа нешто беше – ништо“, раскажал овој човек.

За чувството на умирање


„Првиот пат беше секунда пред несреќата и единствена работа во мојот ум беше ’О, не’. Вториот пат немав поим. Имав ужасни болки и одеднаш се` престана, немаше ништо, немаше живот. Потоа се разбудив и повторно чувствував болка.“



Различни причини за смрт предизвикуваат различни искуства?


„И двете искуства беа потполно исти. Единствена разлика беше што неколку секунди пред првата смрт на се` јасно се сеќавам. Вториот пат имав толку болки што не бев целосно свесен за својата околина.“

За туѓите искуства на смрт


„Мислам дека во нивните случаи мозокот уште бил активен. Она што го искусиле бил своевиден сон.“

Откако бил мртов


„Дефинитивно сега помалку се плашам од смртта. Сега знам дека таа не е ништо полоша од спиење. Кога ќе умрете, само престанувате да постоите, ништо околу што би требало да се плашите.“




За религијата и задгробниот живот


„Отсекогаш сум бил атеист, но секогаш дел од мене се надевал дека постои Бог. Рај, нешто поголемо од нас. Кој не би сакал да постои рај?

Се уште сум атеист и сега знам дека не постои ниту Бог ниту Рај. Барем не за мене. Мојата причина поради која верувам во тоа е дека Бог на ниедна личност или семејство не им дозволил такво искуство.“

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О