Норт Вест ја посрами мајка си пред познатите гости

На ревијата на раперот Канје Вест за модната куќа Адидас, се појавила целата музичко-модна елита. Се чини дека единствено на неговата ќерка не ѝ одговарало друштвото.


Расел Симонс, Ким Кардашијан, Ана Винтур, Бијонсе, Џеј Зи, Пи Диди, Ријана и многу други познати ѕвезди се нашле во првиот ред на Модната недела во Њујорк каде што Канје ја претставил новата колекција за Адидас.


Бидејќи малечката Норт не била свесна за „екипата“ која била околу неа, почнала да вреска среде ревија, па по малку засрамената мама Ким морала итно да ја извади надвор.


Додека Норт плачела и се лигавела, Ана Винтур, славната уредничка на магазинот Vogue, седела точно покрај неа, а фотографијата која кружи по интернет ја прикажува славната уредничка како држи дистанца од малечката Норт.


„Зарем не можеле да ја остават во бекстејџот? Обична глупост за познатите, како сево ова да ме интересира“, наводно ѝ прокоментирала Ана на уредничката на магазинот „Elle”, Ен Слоуви.


Инаку, Кендал Џенер шетала по модната писта носејќи ги моделите на Канје, додека раперот од страна го набљудувал шоуто и внимавал сè да биде во совршен ред. Се чини дека малечката Нори малку му ги поматила плановите...



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О