Забележувате ли нешто необично во врска со овој прозорец на таванот на станот?

Прозорецот го измислија група италијански научници и е револуционерен пристап кон осветлувањето на просториите.

coelux-2
coelux-3
coelux-4
coelux-5

Не приметивте ништо необично?

Ова не е прозорец туку сијалица, односно нов вештачки систем на осветлување кој речиси не се разликува од вистинската сончева светлина.

Група италијански научници неодамна го најавија CoeLux, нов вид на систем на осветлување кој совршено го имитира дневното светло, нешто што можеби еден од најреволуционерните приоди за создавање на вештачка светлина. Создателот тврди дека системот е толку ефективен што го мами окото на незапознатиот набљудувач, правејќи да мисли дека гледа во вистинското сонце.

Пронаоѓачите не откриваат многу за начинот на кој работи CoeLux, но вклучува филтрирање на изворот на светлина преку слој од наночестички кои ја имитираат земјината атмосфера. Благодарение на ова, не само што бојата на светлината се совпаѓа со сончевата светлина, туку и нејзиниот квалитет. Во фотографиите кои следуваат, а за кои дизајнерите тврдат дека не се дигитално обработени, можете да добиете претстава за тоа колку е реалистична оваа светлина, како и во видеото во прилог.

Осветлувањето во моментот е достапно во три различни конфигурации кои ја имитираат сончевата светлина во три географски точки на Земјата, имитирајќи тропска, средоземна и нордиска околина, при што светлината може да се прилагоди со различен интензитет.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О