Шок во Барселона: Малага славеше на Камп Ноу

Барселона на големо изненадување на сите е поразена пред своите навивачи од Малага после големата грешка на Дани Алвеш.

После одличната серија од 11 победи по ред, Барселона е на колена и тоа пред своите навивачи. Малага славеше против фаворизираниот противник со голот на Хуанми во 7-ма минута по големата грешка на Дани Алвеш кој врати една топка ко својот голман, а истата беше пресечена од фудбалерот на Малага.

Ѕвездите на Барселона не успеаа ниту да израмнат во преостанатите 83 минути од натпреварот. Тоа беше една бледа партија на домашната екипа и голем удар во трката за титулата со Реал Мадрид.

Каталонците пропуштија барем привремено да се најдат на првото место на табелата и останаа на второто место со 56 бода, односно еден помалку од лидерот Реал Мадрид кој утре гостува кај Елче и има шанса да „побегне“ на четири бода разлика.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О