Вака изгледа рај на земјата: Неверојатни места за кои не сте знаеле дека постојат

Скриените убавини на мајка природа се наоѓаат на неочекувани места ширум светот. Овие места би требало да ги посетите барем еднаш во животот, вредат да бидат видени.

Животот во град има свои предности, но секој во себе носи барем мала желба некогаш да „побегне“ од секојдневието и да го истражи светот. Следните дестинации можат да се поистоветуваат со рај на земјата, кои мора некогаш да ги видите.

Клеван е урбанизирана населба во западниот дел од Украина. Брои преку 7.000 жители. Ова мало, но карактеристично место крие разни убавини, а меѓу нив е и тунелот на љубовта. Тунелот се наоѓа недалеку од самиот центар на ова место, а она што го прави толку романтичен се старите железнички шини, целосно обраснати со зеленило и дрва.




Лалето е преубав цвет, а кога ќе се засади со особено внимание и по точен редослед, како што може да се види во Холандија, тогаш доаѓа до оваа несекојдневна прекрасна глетка.




Трансформацијата на неколку праисториски езера создала нешто што во светот се нарекува „најголемото огледало на планетата“. Тоа се наоѓа на југот од Африка, а неговата големина е преку 10.500 квадратни километри и целосно е замрзнато. Специфичен хемиски состав доведува до феноменот кој овозможува на замрзнатата површина се` да се рефлектира како да е вистинско огледало.







Хитачи Сисајд Парк се наоѓа во Јапонија и се простира на површина од 190 хектари. Цела година во овој парк цвета цвеќе, а од годишното време во кое ќе ја посетите оваа прекрасна знаменитост, зависи со кои бои ќе биде прекриен паркот.







„Менденхол глечер“ е глечер кој има должина од преку 19 километри и се наоѓа во долината Менденхол, во југоисточна Алјаска. Замрзнатите пештери се наоѓаат во внатрешноста на глечерот, а може да им се пристапи само со кајак, а после тоа со планинарење по мразот.







Црвената плажа во Кина е позната како најголемата мочвара во светот.







Бамбусовата шума се наоѓа во Јапонија, во близина на Киот. Оваа шума е една од најинтересните природни знаменитости во Јапонија, а се наоѓа на само 30 минути возење од главните улици во Киот.




Црната шума или "Schwarzwald" се наоѓа во германскиот регион Баден Виртемберг. Таа се простира на преку 160 квадратни километри.







Во Австралија, со мал дел копно одделено од океанот, се наоѓа езерото Хилиер, кое е препознатливо по неговата невообичаена розева боја.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О