Настапот за кој сите зборуваат: Мадона „треснала” на сцена

БРИТ наградите доделени синоќа во Лондон би биле досадни да не беше Мадона и нејзиниот фатален настап.

Славната поп кралица бомбастично го најави своето враќање на светската сцена, но ова не можела да го предвиди. Неуморната Мадона одржала настап на синоќешните Британски музички награди, но крајниот исход бил кобен.




56-годишната поп дива била малку шокирана после падот, но како вистинска професионалка станала, го израмнила својот костим и продолжила со долго планираниот настап. И публиката била изненадена, но не како онаа на интернет која веќе неколку минути после падот ја прошири приказната за падот на Мадона и со потсмев заклучи дека можеби дивата „е престара за вакво нешто“.



Светските медиуми прилично брутално и со потсмев го коментираа настапот на поп дивата која е позната по своите екстравагантни настапи и екстреми.

Но, Мадона, ако ништо друго покажа дека кога ќе паднеш, секогаш можеш да станеш со високо подигната глава.
 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О