Неверојатниот Galaxy S6 Edge!

Веќе сме преплавени со концепти, спецификации и слики за можниот изглед и перформанси на следниот премиум телефон на Samsung, популарниот Galaxy S6. Сепак, овие фотографии мора да ги погледнете...

Се шпекулира дека заедно со новиот Galaxy S6, во јавноста ќе се појави и Edge верзија, која би имала заоблен екран од двете страни. Овој концепт е истражуван од повеќе различни дизајнери од порталот Concept Phones,а резултатот се фотографии и видео кои ни покажуваат како би изгледал.


Edge верзијата на Galaxy S6 би поседувала заоблен екран од двете страни,а рамката околу куќиштето би била изработена од метал. Екранот ќе биде со големина од 5,2 инчи и QuadHD резолуција, а во внатрешноста би го добиле моќниот octa-core Snapdragon 810, надополнет со 4GB RAM и камера до 20 мегапиксели со оптичка стабилизација.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О