Исповед: „Слушнав крцкање за време на сексот, набрзо бев облеан со крв...“

Еден 42-годишен маж од Бостон, се нашол во невидена агонија откако по сексуалниот однос видел дека си го скршил пенисот.

Несреќниот човек веднаш отишол на итна операција, откако докторите утврдиле дека ја скршил фиброзната мембрана во половиот орган.

Како воопшто дојде до оваа несреќа? Имено, мажот за време на сексуалниот однос случајно се „судрил“ со перинејот на партнерката, т.е. просторот помеѓу вагината и анусот.

„Слушнав дека нешто крцна. Пенисот експресно ја изгуби ерекцијата, а забележав и големо количество крв“, мажот ја раскажал својата приказна за стручното списание „New England Journal of Medicine“.

Докторите посведочиле дека мажот претпрел огромни болки и веднаш бил префрлен во операциска сала.

Првата прогноза не била добра – докторите му рекле дека половиот орган би можел да поприми закривен изглед и дека до крајот на животот би можел да страда од еректилна дисфункција.

Сепак, шест месеци подоцна, човекот успешно закрепнал. Пенисот му е со нормален облик, а нема ниту проблеми со ерекцијата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О