Нови спортски канали на MaxTV

Македонски Телеком ја збогати MaxTV понудата со нови спортски канали.

Љубителите на спортот, отсега на MaxTV ќе можат да ги гледаат Sport Klub 4 (на каналот 336), Sport Klub 5 (на каналот 337) и Sport Klub 6 (на каналот 338). Новите канали се достапни за сите постојни и нови корисници на спортските пакети, односно пакетите Max Sport, Max Sport + и Max+.

Каналите Sport Klub 4, Sport Klub 5 и Sport Klub 6 се периодични канали, односно се активираат само за одредени преноси во живо. Овогодинешното натпреварување во Формула 1, коешто започнува викендов, ќе се пренесува на каналот Sport Klub 4.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О