Конечно се појави Владимир Путин: Без озборување би било здодевно

Ова е прво појавување на Путин во јавноста од 5-ти март, кога одржал прес конференција со италијанскиот претседател Матео Ренци.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес го прокоментирал своето неколкудневно отсуство од јавноста и шпекулациите кои медиумите ги поттикнале по тој повод, велејќи дека "без озборување би било здодевно".

Путин денес во Санкт Петерсбург се состанал со претседателот на Киргизија, Алмазбек Атамбајев, а на снимките пред состанокот, кои ги емитувала Russia Today, рускиот претседател делувал одлично расположен.

Тоа е негово прво појавување во јавноста од 5-ти март, кога одржал прес конференција со италијанскиот претседател Матео Ренци.

Претходните денови, руските и светските медиуми шпекулирале за причините за отсуството на Путин од јавноста, изнесувајќи повеќе теории, од тоа дека е болен од грип, преку тоа дека доживеал мозочен удар, до тоа дека добил син.



Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, денес саркастично им се обратил на новинарите и рекол: "Ете, го видовте скршениот, парализиран претседател кој беше заробен од генерали. Пред малку долета од Швајцарија каде што присуствуваше на раѓањето на неговото дете, како што знаете", пренесува агенцијатаReuters.



Песков нагласил дека Кремљ нема повеќе да одговара на прашања по повод здравјето на Путин, бидејќи како што објаснил, "колку повеќе се зборува за тоа, толку повеќе се создаваат нови шпекулации".

Атамбајев изјавил дека Путин со автомобил го довел на состанокот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О