Во текот на годините моделите се менуваа, но quattro опцијата остана изборот на оние кои сакаат нешто повеќе од своето Audi. Во последните години Audi лансираше и SUV и кросовер модели, со што овој погон доби уште повеќе важност. Сепак компанијата сака да покаже дека со quattro погонот дури и лимузините можат да совладуваат тешки терени.
Тие го тестираа Audi A7 Sportback quattro на дините во околината на Дубаи, каде вообичаено возат теренци со многу поголеми тркала и поголемо растојание од површината до подвозјето на автомобилот.