Само еден месец по завршувањето на „Два и пол мажи“, Алан стана непрепознатлив

Џон Крајер долго време ја играше една од главните улоги во популарната хумористична серија „Два и пол мажи“. Првата епизода беше емитувана во септември 2003 година, а последната во февруари оваа година. За време на 12 години, колку што ја играше улогата на Алан, Џон значително се променил.



Џон Крајер денес има 50 години. Набргу откако заврши популарната серија, Алан драстично го променил имиџот, но и понатаму може да се смета за привлечен маж.



После завршувањето на серијата „Два и пол мажи“, Крајер напишал мемоари за сите работи кои му се случиле за време на триесетгодишната актерска кариера.



Неговата книга со мемоари со наслов "So That Happened" ќе биде објавена на 7 април, а судејќи по се` актерот голем дел од ова четиво му посветил на својот некогашен колега од серијата „Два и пол мажи“, Чарли Шин.



Така, Крајер објаснил дека Чарли на почетокот од снимањето на серијата бил „среќно оженет, трезен и трезвен маж“, но дека неговите неволји започнале веќе на снимањето на втората сезона од популарната серија, кога се развел од актерката Дениз Ричардс со која има две ќерки.



Инаку, Крајер во актерските води запловил многу млад, со оглед на тоа што неговите родители биле актери. Во едно интервју открил дека уште од мал „сакал да биде дел од магичниот актерски свет“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О