Дваесет и четиригодишната Ана Дурицкаја, девојка и сведок на убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, месец дена по несреќниот настан исчезнала без трага, пренесуваат медиумите.
Според пишувањето, таа се вратила во Украина, веднаш откако руските истражители завршиле со истрагата, меѓутоа новинари на италијанскиот весник „Коријере дела Сера“ овие денови ја побарале во нејзиното место Бела Црква и не ја нашле. Првата сосетка во зградата им рекла дека Ана никогаш не живеела тука.
-Читав за тоа во весниците. Овде живеам веќе пет години, но таа никогаш не била тука. Пред неколку месеци во тој стан дојде еден војник за да преспие тука. Не знам кој е тој, но манекенката сигурно не беше- им рекла жената на новинарите.
Според наводите само четири лица знаат каде е Ана. Претседателот на Украина, Петро Порошенко, премиерот Арсениј Јацењук, министерот на полиција Арсен Аваков и шефот на тајната служба Валентин Наливјаченко, поради што се појавија шпекулации дека убавата манекенка е можеби шпион.
Инаку не исчезнала само Ана туку и нејзината мајка Ина и брат и Богдан. Ина е медицинска сестра во локалната болница, а од неодамна е на боледување и никој не знае каде се наоѓа. Богдан е испишан од гимназијата, бидејќи директорот на училиштето Володимир Ткаченко добил телефонски повик од Министерството за образование во Киев. Како што пренесуваат медимите иако Ана се претствувала како манекенка и актерка, за неа не слушнале модните куќи.
Таа работела како хостеса во банка, а потоа се сретнала со Петер Листерман (60) човекот кој како што наведува „Коријера дела Сера“ и е познат на секоја девојка во Москва која сака да биде во друштво на елитата.