Еве зошто оваа фотографија од баба и бебе воодушеви милиони луѓе

Петрик Квин, основачот на популарната веб страница "Животот на еден татко", бил шокиран од реакцијата на читателите кога ја објавил фотографијата од новороденото бебе и неговата прабаба која има 101 година.

Фотографијата ја испратила Сара Хам од Аризона, а токму нејзината постапка била инспирација за повеќе од 100 читатели да ѝ се придружат и да објават слични емотивни семејни фотографии.

Патрик вели дека уште повеќе бил импресиониран од тоа што оваа разлика од 101 година и не била најголемата, бидејќи една жена му испратила фотографија од својот син и неговата баба, а нивната разлика во годините, според нејзините тврдења била дури 112 години.

- Многу ме радува тоа што луѓето реагираа навистина позитивно на објавата на оваа убава фотографија. Токму оваа фотографија ја покажува прекрасната врска помеѓу две различни генерации, изјавил Квин.

Баба Роса е родена на 13-ти јуни во дамнешната 1913-та година. Таа тогаш била најмладо дете во своето семејство. Роса има три деца, пет внучиња и дури десет правнучиња и моментално живее со својата најстара ќерка во Аризона.

- Таа беше учителка во локалното училиште цели 43 години, додава Сара Хам, која ја направила оваа емотицна фотографија.

Бројни читатели, воодушени од глетката, започнале да испраќаат и свои семејни фотографии.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О