Видео запис кој ќе ве насмее до солзи: Таа ја уништи Кајли Џенер со својот туторијал за поголеми усни!

Новиот видео запис стана инстантно популарен на интернет мрежата, а темата е повторно секако, предизвикот Кајли Џенер. Всушност, во малку поинаква изведба.

Всушност, видео записот на Facebook мрежата го постави Елихуди Џастин Ураса од Брајтон, а главната улога ја има девојка која на сосема интересен и оригинален начин му одговара на Кајли Џенер предизвикот.

Овојпат таа не ја користи прочуента направа за зголемување на усните, туку кутија од Pringles чипс. Таа едноставно ја зема кутијата, ја стави на усните и одговори на предизвикот на свој начин. Нејзините усни секако се сосема поинакви, а и поголеми.

Во принцип, тие и понатаму го имаат оној паткаст облик по кој девојките се чини како да лудуваат.

Видео записот е веќе погледнат повеќе од девет милиони пати и споделен повеќе од 80 илјади пати.



Колку за потсетување, тинејџерите ширум светот од пред неколку дена масовно му се приклучуваат на бизарниот предизвик #kyliejennerchallenge и секојдневно поставуваат свои, не така пријатни фотографии на мрежата Twitter. Момчињата и девојките споделуваат свои "пред" и "потоа" фотографии, а глетката неретко е поприлично вознемирувачка.

Еден од корисниците на мрежата Twitter беше сосема искрен и напиша дека неговиот обид и не бил така успешен. И додека некои "лудо се забавувале", други овој проект го нарекоа "смешен", па дури и "болен". А некои пак, како што е на пример оваа девојка, одговорија на предизвикот на потполно оригинален начин.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О