Досега сигурно сте биле сведоци на прекрасни голови од слободен удар, а уште еден таков пример доаѓа од екипата на Нотс Каунти. Девојките од оваа екипа изведоа удар што стана вирален хит, а откако ќе го погледнете видеото ќе ви стане јасно зошто е тоа така.
Главен играч во оваа акција е Елен Вајт. Фудбалерките одглумија дека се препираат, за потоа да постигнат одличен гол против екипата на Арсенал.
Мечот инаку заврши со резултат 1-1.