Како на филм: Нема да ви се верува зошто било киднапирано девојчето во Белград

Полицијата во Франција упаднала во станот на киднаперите и пронашла дете идентично на двегодишната Маша П. Мишел Себастијан (46), Сандрин Горен (40) и Кристел Еје (26) преку интернет пронашле во Белград дете кое неверојатно личи на ќерката од Кристел и одлучиле да ја киднапираат поради неверојатна причина.

Драмата која вчера ја потресе цела Србија, но и регионот, полека почнува да добива филмски размери. Киднапирањето на двегодишното девојче од Белград никого не остави рамнодушен, а српски Телеграф ги дознал и ги пренесува причините поради кои била киднапирана Маша, кои даваат впечаток дека се работи за сценарио на холивудски филм.

Верувале или не, Маша била киднапирана за да ја искористат за добивање на старателство над речиси идентично дете кое живеело во Франција, а чија мајка била една од киднаперите од белото BMW. Само благодарение на неверојатната акција на белградската полиција, лудиот план на киднаперите бил спречен.


„Француската полиција упаднала во станот на киднаперите и пронашла дете идентично на двегодишната Маша П.“, рекол соговорникот за српски Телеграф и додал: „Се работи за ќерка на една од киднаперите. Тројцата киднапери кои биле уапсени се од исто семејство. Сандрин Горен (40) и нејзиниот сопруг Мишел Себастијан (46) во Србија се упатиле заедно со нивната ќерка Кристел Еје (26) со намера да го киднапираатдевојчето кое неверојатно личи на ќерката од Кристел“.



„Имено, Кристел Еје во Франција е во големи семејни проблеми. Нејзиниот сопруг во бракоразводна парница се обидел да и го одземе детето и да добие исклучиво старателство. Во желбата да докаже дека тој не е биолошкиот татко, семејството киднапери направиле пеколен план: преку интернет пронашле девојче кое неверојатно личи на ќерката од Кристел и одлучиле да ја киднапираат, со пасошот од нивното дете да ја извадат од земјата, да ја одведат во Франција, да направат ДНК тест и така да „докажат“ дека таткото на француското дете не е вистинскиот, биолошки татко и на тој начин тој да го изгуби правото на старателство, а детето да и` припадне на мајката“, рекол изворот, пренесува српски Телеграф.

Сепак, за среќа планот не им успеал благодарение на полицијата, а понатамошната истрага ќе утврди што планирале да направат со Маша после оваа налудничава акција.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О