Средношколците и надлежните во образованието никако да најдат заеднички јазик. По денешната четврта по ред средба во МОН, Владата и МОН донесоа финална одлука само оваа година матурата да се полага по стариот концепт, а екстерното тестирање да продолжи да се применува.Тие сметаат дека нема потреба од понатамошни преговори и ги повикаа учениците од понеделник да се вратат во училишните клупи.
-Владата и МОН донесоа конечен став годинава матурскиот испит да се полага по стариот концепт, односно математика да не се полага и да нема електронско тестирање. За екстерното тестирање ќе нема измени оваа година, но ќе се формираат работни групи кои ќе работат на негово усовршување, истакна по денешната средба вицепремиерот Владимир Пешевски.