Во местото Ла Крус во Перу била уловена црна ража долга осум метри и тешка повеќе од 1.000 килограми.
За да ја извлечат од морето, потребен им бил кран, а ваква ража досега не е видена.
Кели Крус Кумпен, една од жените која била на плажата во тој момент, го фотографирала ова животно и фотографијата ја поставила на Фејсбук.
Сепак, таа не очекувала дека истата ќе стане хит и дека ќе се појави на вести на телевизија.
Од здружението за заштита на морскиот свет во Перу, сметаат дека овој случај треба да се истражи, бидејќи ваквите ражи се многу ретки во водите околу оваа јужноамериканска дражва.
#EnImagenes Capturan mantarraya de unos mil kilos http://t.co/Dua1y9MNve pic.twitter.com/whARiTHaew
— Globovisión (@globovision) April 24, 2015