Обама ја сака нивната глава: Овие четворица лидери вредат 20 милиони долари!

Стејт департментот низ програмата "Награда за правда" понудил седум милиони долари за информација за Абду ал-Рахман Мустафи ал-Кадули, а по пет и три милиони за останатите.


Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама понудила награда од најмалку 20 милиони долари, за информација која би довела до четири лидери на групата Исламска држава.

Стејт департментот низ програмата "Награда за правда" понудил седум милиони долари за информација за Абду ал-Рахман Мустафи ал-Кадули, пет милиони за Абу Мохамед ал-Аднани и Таркан Тајумуразовиќ Батирашвили, и три милиони за информација за тоа каде се наоѓа Тарик Бин-ал-Тахар Бин ал Фалих-ал-Авни ал-Харзи.


Како што наведува Стејт департментот, Кадули е висок службеник на ИСИС, кој најпрво се приклучил на гранките на Ал Каеда во Ирак.

Аднани е портпарол на ИСИС, Батирашвили е командант на терен во северна Сирија, а Харзи е лидер на групата на пограничниот регион меѓу Сирија и Турција, пренесува AP.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О