Дали имате макотрпна професија поради која сакате да заминете на годишен одмор и тоа колку што е можно подалеку од работното место? Зошто да не, и тоа е можно! Ние ве советуваме да посетите токму една од овие прекрасни дестинации.
Алис Спрингс, Австралија
Колку е оддалечено? Отприлика 1.500 километри од најблискиот град во Австралија, односно 17 часа возење со автомобил.
Зошто е толку посебно? Ова место е самиот центар на Австралија. Со исклучително високи температури, ретко се наоѓа на мапата на патниците, иако би било совршено кога сите би го посетиле барем еднаш во животот. Околината е сува, црвена и правлива, но сето тоа има и своја магија.
Секако посетете ја и една од најпознатите планини и свети места во Австралија – Улуру (Ayers Rock).
Антарктички полуостров, Антарктик
Зошто е толку посебно? Овој дел од Земјината територија е многу ретко посетен поради туристички цели, а повеќе поради истражувачите цели. Се наоѓа помеѓу Белингшаусеновото и Веделовото море, а должината му изнесува 1.300 километри.
Иако таму не може да спиете, постојат многу крузери кои токму вашиот престој на оваа дестинација ќе направат да биде позабавен.
Лофотен, Норвешка
Колку е оддалечено? Овој дел од Норвешка дури во 2007-мата година е поврзан со мост со остатокот од земјата, а порано бил достапен само со траект.
Зошто е толку посебно? Aко Арктичкиот круг ве асоцира на предел кој е покриен со вечен снег, тогаш дефинитивно грешите. Впрочем и покрај самата локација, температурите на Лофотен ретко паѓаат под нултиот степен според Целзиусовата скала, а тоа е токму резултат на мешањето на Голфската струја со Североатлантската и Норвешката струја. Времето во Лофотен, иако звучи неверојатно, всушност е навистина топло.
Големо внимание на заљубениците во природата привлекува и овој голем гребен сместен во внатрешноста на Арктичкиот круг, кој претставува дом на бројни животински видови и птици. Но, живописната архитектура пак е она што најмногу ги мами туристите.
Мадагаскар
Колку е оддалечено? Точно е дека Мадагаскар е четврт по ред, најголем остров на светот. Но точно е и тоа дека е тешко да се најде исто толку богато и шаренолико природно место на целиот свет
Зошто да одите токму таму? Пред сè, поради лемурите!
Ако сте го погледнале било кој цртан филм во последните пет години, тогаш со сигурност сте слушнале за нив. На Мадагаскар ги има во изобилие, всушност, тие живеат само таму. Овој остров е мешавина од африкански, индиски и европски влијанија. Бројни национални паркови ќе ве остават без здив, а ние ви гарантираме дека Мадагаскар нема воопшто да ве разочара.
Велигденски острови, Чиле
Колку е оддалечено? Островите се оддалечени на околу 2.000 километри од најблиското населено место во околината – островот Пиктерн, но овој остров има само 50-тина жители. Островите се наоѓаат на околу 3.600 километри западно од Чиле.
Зошто е толку посебно? Островот има триаголен облик, површина од 163.6 квадратни километри и популација од 3.791 луѓе, од кои 3.304 живеат во главниот град Ханга Роа.
Островот е најпознат по своите многубројни моаи, односно големи камени статуи кои се простираат долж крајбрежјето. Во 1988-мата година, речиси целата површина на островот, токму како национален парк, била запишана вo списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО во Австралија и Океанија.
Ушуаја, Аргентина
Колку е оддалечено? Ова е најјужниот град на светот и едно од ретките места од кои може да се упатите кон Антарктикот.
Зошто да одите токму таму? Tierra del Fuego или Огнена земја, дефинитивно нема само егзотично име. Во овој дел на Аргентина ќе ги видите можеби и најубавите природни предели на светот.
Ушуаја, главниот град на аргентинскиот дел на Огнена земја, е град кој брои 60 илјади жители и се смета за најјужен град на планетата. Од овој град може да го посетите и веќе споменатиот Антарктик, а сепак и понатаму да бидете помеѓу цивилизацијата.
Шетландски острови, Шкотска
Колку е оддалечено? 160 километри северно од Шкотска, всушност, поблиску е Норвешка, отколку матичната земја.
Зошто да одите токму таму? Додека Шкотска станува сè повеќе популарна како туристичко одредиште, Шетландите се и понатаму прилично вон интересите на туристите. Луѓето на островот зборуваат шкотски, но со призвук на норвешкиот јазик. Она што ги привлекува туристите се големиот број на симпатични и расфрлени стари села.
Островот нуди изобилство од селска забава и музика, а наоколу ќе ги забележите и необичните птици – пафини, односно атлантските морски папагали.