Лица на убијци: Моторџии од Тексас би можеле да добијат смртни казни поради “војна” на банди!

Околу 170 припадници на ривалски бајкерски групи, биле обвинети за учество во организиран криминал и предизвикување на крвопролевање, по големата пресметка во тексашки ресторан, соопштила денес полицијата.

Во судирот кој случил во неделата, убиени биле девет лица, а ранети биле 18, пренесува AFP.



Градските власти во Вако, град кој се наоѓа во централен Тексас, изјавиле дека сè уште го процесираат необично големиот број на осомничени, по судирот кој во неделата започнал во ресторанот "Twin Peaks", а потоа се префрлил на паркингот. Тие додале дека во судирот на пет банди биле користени ножеви, ланци и пиштоли.



"Во ресторанот имало ранети и забодени луѓе. Од друга страна имало луѓе кои пукале и кои се тепале", изјавил полицискиот наредник и портпарол Патрик Свентон.



Властите го намалиле бројот на приведени и осомничени за учество во злосторството, од 192 на 170.



"Приведовме и задржавме повеќе од 170 поединци и истрагата продолжува", додал Свентон.



Членовите на бандата би можеле да се соочат со разни обвиненија, вклучувајќи евентуално обвинение за тешко убиство кое може да доведе до смртна казна.



Фотографирањето на речиси 200 уапсени моторџии, за полициските службеници претставувало вистински кошмар.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О