Од засега непознати причини автомобилот со голема брзина се забил во задниот дел на цистерната но вистинска среќа е што автомобилот не експлодирал бидејќи цистерната се наоѓала на самата бензинска, а во нејзина непосредна близина имало и други цистерни.
Според првичните информации 5 млади момчиња кои биле во автомобилот се повредени, но биле свесни и се извлечени од возилото во компактибилна состојба. Како што јавува новинарот на MKnews голем број на очевидци притрчале да помогнат, а околу момчињата кој биле легнати на земја им помагале и нивни другари кои најверојатно биле со други автомобили.
Според информациите момчињата се млади и биле во свечена облека најверојатно биле гости или пак самите прославувале матурска вечер.
На местото веднаш пристигнала и брза помош, која ги префрлила повредените во болница. Очевидци со апарати за гаснење пожар го прскале автомобилот и цистерната за да не дојде до опожарување.
Од ударот, 20-годишниот возач на автомобилот и двајца 19-годишни сопатници во „БМВ“-то се тешко повредени и се пренесени во болница. Возачот е пренесен во болницата за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а сопатниците во Ургентниот центар.
Другите двајца сопатници, се здобиле со полесни телесни повреди и се пренесени исто така, едниот во „Св. Наум Охридски“, а другиот во Ургентниот центар.
А вчера беше повторно упатен АПЕЛОТ од МВР младите за време на матурските прослави да не управуваат со возила, посебно не во алкохолизирана состојба.