Пред неколку дена на Канскиот фестивал, ангелот на "Victoria's Secret", Доцен Крос, го покажала своето прекрасно тело на црвениот тепих. Само неколку денови подоцна се вратила во Франција за да сними реклама за костими за капење.
За време на снимањето, убавата Холанѓанка ги оставила сите без здив, кога го покажала совршеното тело и перфектните облини.
Таа позирала покрај базен менувајќи ги костимите за капење, а сите до еден ѝ стоеле идеално.
Доцен со своите фотографии, кои ги објавила на Instagram, "го запалила" интернетот. Како што претпоставувате, таа добила голем број пофалби.