ЕУ ќе вложи 5 милиони евра за подобрување на медиумските слободи во Македонија

Европската унија преку проект вреден 5 милиони евра ќе ја подобрува состојбата со слободата на изразување и медиумските слободи во Македонија. Според Брисел, токму ова е еден од главните проблеми во земјава, кај кој во изминатите неколку години не е забележан никаков напредок, пренесе Телма.



– Постои индиректна контрола на државата врз програмата што ја емитуваат медиумите преку владиното рекламирање. Во однос на ова јавно рекламирање, законските одредби за транспарентност треба да бидат целосно почитувани. Треба да се води поголема грижа за да се обезбеди јавните средства да се користат за да се обезбеди информација од вистински јавен интерес наместо да се промовираат владините активности, изјави Мартин Клауцке, Раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Клауцке најави дека реализацијата на проектот треба да започне за неколку месеци, а во најголема мера ќе се однесува на подобрувањето на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го прошири мониторирањето на содржината на програмата на медиумите, нивната сопственоста, како и пазарната концентрација. Сепак, и натаму постои загриженост за праведноста, објективноста и транспарентноста на овој пристап.

Kалуцке истакна дека забелешките за слободата на медиумите нотирани во последниот Извештајт на Европската Комисија важат и денес. Тој говореше на завршинот настан од проектот за зајакнување на административните капацитети на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата за електронски комуникации.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О