Младата девојка што управуваше со автомобилот вели дека претходно автомобил удрил во задниот дел од нејзиното возило. Поради нејзиното неискуство и паниката, таа свртела со воланот и завршила во локалната фризерница. За среќа, нема повредени во несреќата. Очевидците велат дека автомобилот што удрил во „фордот“ што завршил во фризерница се движел бавно. Ударот бил слаб, но паниката и неискуството си го направиле своето.