ФОТО: Оваа палма се самоуби фрлајќи се во контејнер кога дозна дека чини 500 евра

Веста е сатирична и измислена (објавена од КозаНостра)

Коза ностра ексклузивно ви ја пренесува потресната сторија која доаѓа од Прилеп, и која ги распара срцата на вработените во Македонски шуми, посебно на тие новите 1.600 кои беа извлечени во владината лотарија.


Имено, според нашите информации, приказната зад фотографијата која кружи на социјалните мрежи, а на која една палма во Прилеп се наоѓа во контејнер, не е воопшто наивна и комична, туку потресна и трагична.

Од извори блиски до контејнерот, дознаваме дека палмата била посадена во близина на истиот пред неколку денови, и веќе почнала да се привикнува на околината и среќно да си живее, кога вчера случајно слушнала муабет на двајца граѓани кои поминувале покрај неа, и кои зборувале дека за проектот со 1.100 палми низ цела држава се дадени вкупно 522.000 евра односно околу 500 евра по стебло.

– Палмата остана шокирана и не можеше да поверува во тоа што го слушна. Не можеше да сфати каква неодговорна власт има во Македонија, која троши толку многу пари на палми, додека огромен дел од населението живее во сиромаштија а многу луѓе буричкаат по контејнерите. Не можејќи да живее со таква грижа на совест, палмата изврши самоубиство фрлајќи се во контејнер – вели нашиот извор, кој бил очевидец на несреќата.

Фото – Твитер

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О