„Кралот на Инстаграм” сака да стане претседател на Америка

Како да не е доволно што Ден Близеријан, кралот на Инстаграм, милионер и самопрокламиран „сексуален филантроп“ ја најави кандидатурата на американските претседателски избори, туку има поддршка и од Дејна Рорабахер, конгресмен близок до Владимир Путин.

Синот на шпекулант од Волстрит, професионален покераш и ѕвезда на социјалните мрежи која има милиони следбеници на Инстаграм, сега можеби е и претседателски кандидат.



Близеријан, кој стигнал и до црногорскиот Свети Стефан, со постер ја најавил забавата за почетокот на претседателските кампањи, "Den Bilzerijan 2016" која ќе биде одржана на 24 јуни во елитниот њујоршки клуб „Марки“. Влезот ќе чини најмалку 40 долари.





Иако има многу следбеници меѓу американските студенти, изборните шанси не му се многу добри. Прави скандали – неодамна бил исфрлен од Снепчет поради поставување на многу „незгодна“ видео снимка и се фали со своето богатство, покажувајќи купчиња пари и луксузни автомобили на својот профил на Инстаграм. Покрај тоа, омилени му се фотографиите со оружје во рацете.



Познат е и по тоа што за малку ќе убиел една порно актерка, фрлајќи ја од покрив во базен, а потоа таа го тужела поради тоа.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О