Финалето на петтата сезона од „Game of Thrones“ постави рекорд

Серијата „Game of Thrones“ секоја година поставува нови рекорди на пиратските сајтови. HBO воведе и стриминг сервис за да се справи со огромниот број на нелегални симнувања, меѓутоа тоа не ги спречи обожавателите на серијата да ги симнуваат епизодите од пиратските сајтови.



Финалната епизода од петтата сезона, според она што го пренесува TorrentFreak постави нов рекорд. Епизодата преку пиратските сајтови за осум часа била симната над 1,5 милиони пати и се очекува во следниве денови таа бројка да достигне над 10 милиони симнувања.

Бројката на 1,5 милиони симнувања за осум часа е прилично импресивна, бидејќи минатата година бил неопходен половина ден за да се достигне истата.

Епизодата била симната од корисници од сите разни земји, со тоа што серијата е особено популарна помеѓу гледачите во САД, Обединетото Кралство, Канада, Индија...

Воедно финалето постави и уште еден рекорд. Имено, истиот торент во исто време во еден момент го споделувале 258.131 корисник, што е најголема бројка досега.

„Game of Thrones“ изминативе три години се наоѓа на врвот на листата најпиратирани серии, а со оглед на овие податоци, со сигурност ќе се најде на врвот на листата и во 2015-та.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О