Неговото прашање предизвикало бура од одговори, а Huffington Post се одлучил да ги издвои само оние најинтересните, од кои некои се и помалку одбивни.
1. Стјуардите и стјуардесите намерно доцнат со послужување на вечерата.
- На ноќните летови понекогаш се задржуваме со изнесувањето на храната како патниците би заспале, а ние со тоа би работеле помалку, одговорила една стјуардеса.
2. Пред да ја користите авионската вода, размислете уште еднаш!
- Никогаш немојте да пиете вода во авион, освен ако не е флаширана. Немојте дури ниту да ја допирате. Причината е во тоа што водата за пиење и водата за испирање на тоалетите најчесто се наоѓаат на неколку сантиметри една од друга, а понекогаш "сето тоа оди заедно", напишал еден корисник на Reddit.
Исто така, во 2012-тата година била тестирана исправноста на водата на неколку летови ширум САД, при што било утврдено дека бројот на бактерии е над дозволените граници.
3. Маските со кислород всушност даваат само 15 минути воздух.
Овој факт навистина звучи страшно. Но, тоа е оправдано со коментарот дека секој добар пилот би требало да биде способен во тоа време да го спушти авионот до височина на која дишењето би било повторно нормално овозможено.
4. Пилотите понекогаш заспиваат за време на летот.
- На долгите летови пилотите имаат право на одмор додека нивниот копилот управува со авионот, напишала една стјуардеса при што признала дека многу пилоти ја искористуваат приликата за одмор за време на долгите летови.
5. Луѓето често крадат појаси за спасување.
- Луѓето масовно ги земаат појасите за спасување кои се наоѓаат под седиштата. Тоа е казниво дело и додека авиокомпанијата ги проверува сите столици на почетокот на денот, авионот од друга страна лета неколку пати дневно и во текот на секој лет некој од патниците би можел да го украде појасот под своето седиште.
6. Тоалетот се отклучува и од надворешната страна.
Еден стјуард потсети на тоа дека секој тоалет поради безбедносни причини може да се отвори и од надворешна страна.
- Постои мала квака близу знакот за забрането пушење. Сепак, ова го користиме само во случај ако на некој од патниците им се слоши, напишал тој.
7. Кабинскиот екипаж веројатно не се придржува до правилата за употреба на мобилниот телефон.
Исклучувањето на мобилниот телефон е општо познато правило во текот на летот, но само екипажот понекогаш знае да го прекрши ова правило и да испраќа пораки и "од воздух".
8. Хигиената е половина здравје?
Ако сте решиле малку да отспиете, од сега ќе ви биде подраго перницата да биде импровизирана од вашата облека. Всушност, перниците и ќебињата кои им се даваат на користење на патниците за време на летовите речиси и да не се перат. Тоа се случува многу ретко, a веројатноста дека некој ги користел и пред вас е многу голема, тврдат неколку корисници на Reddit.