Меркел: "Прифатете ја убавата понуда на кредиторите!" Ципрас: "Тоа е уцена!"

На Атина ѝ биле понудени 1,8 милијарди евра помош за сервисирање на обврските кон Меѓународниот монетарен фонд, доколку грчкиот парламент го изгласа реформскиот договор.

Германската канцеларка Ангела Меркел, денес го повикала премиерот на Грција, Алексис Ципрас, да ја прифати, како што кажала, "великодушната понуда на кредиторите", како и тоа дека Атина сега треба да преземе чекори во правец на нејзините партнери од еврозоната.


"Направивме чекор кон Грција. Сега Грција треба да преземе сличен чекор", изјавил Меркел на конференцијата за новинари во Брисел, пренесува агенцијата Reuters.

Меѓутоа, Ципрас се спротивставил, велејќи дека европските принципи не се основани на уцени, пренесува истата агенција.

"Посебно во овие пресудни времиња, никој нема право да ги доведува во опасност овие принципи. Грчката влада одлучно ќе продолжи да се бори за овие принципи, и ќе продолжи да се бори во име на европскиот народ, и секако, во име на грчкиот народ", порачал грчкиот премиер.
Кредиторите денес, според пишувањето на France Presse, на Грција ѝ понудиле исплата од 1,8 милијарди евра финансиска помош, за сервисирање на обврските кон Меѓународниот монетарен фонд, доколку грчкиот парламент го изгласа реформскиот договор.

"Средствата ќе ѝ бидат исплатени на Грција кога грчкиот парламент ќе го одобри договорот со кредиторите и ќе го усвои првиот сет законски акции", наведено е во документот во кој имал увид France Presse.

Според оцената на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, шансите за постигнување на договор меѓу Грција и нејзините кредитори се пола-пола. Шојбле, исто така, ги критикувал најновите предлози на Грција за добивање на преостанатата финансиска помош, со порака до грчките власти дека и тој има гласачи на кои им одговара за своите постапки.



"Меѓу предлозите на Грција се само зголемување на даноци и зголемување на придонесите за пензија. Без кратења", изјавил Шојбле на форумот во Франкфурт, кој бил организиран од Меѓународниот институт за финансии, пренесува AP.

Германија и кредиторите, посебно Меѓународниот монетарен фонд, стравуваат дека официјална Атина би можела премногу да се потпре на даноците и придонесите за пензиите, наместо на потрошувачката.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О