И Турција има своја Миранда Кер: Е ова се нарекува двојничка!

Миранда Кер (32) и манекенката и турска актерка Ајша Асин Туран (21) е дефинитивно лесно да ги измешате. Неверојатната физичка сличност помеѓу овие две бринети е навистина виновна за да се случи токму нешто такво.


Поранешниот ангел на Викторија успеа со својата убавина и тоa како да се избори во морето од манекенки и да успее да допре и до самиот врв.

Од друга страна пак огромната сличност со мајката на тригодишниот Флин и поранешната сопруга на Орландо Блум, на турската актерка може да ѝ донесе исто толку голема планетарна слава.

Ајша е ѕвезда од турската сапуница "Црна Ружа", а публиката успеа да ја освои со својата неодолива насмевка, но и како што ја оценуваат фановите оваа серија, таа е страствена актерка.


Ако го погледнете нејзиниот Instagram профил, за момент ќе помислите дека гледате фотографии од познатата бринета Миранда.


Фотографиите на Ајша би ја збуниле и Миранда, која лесно би можела да помисли дека некои нејзини фотографии "залутале" на друштвениот профил на турската двојничка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О