Но, откако ќе го погледнете овој видео запис веројатно и ќе се предомислите.
Кралските стражари поприлично трпеливо го поднесуваат "глупирањето" на туристите, но понекогаш и тие не можат да издржат премногу. Токму тоа му се случило и на стражарот на овој видео запис.
Тој се обиде да си ја заврши својата работа на мир, и покрај туристот кој што одлучи да го следи во секој чекор. Но кога во еден момент тој го зграби стражарот за рамо, очигледно стражарот повеќе не можеше да се воздржи.
Без размислување кон туристот ја впери својата пушка и гласно го избрка!