Крај на љубовната романса: Шарлиз Терон и Шон Пен ја раскинаа веридбата

Познатиот холивудски пар Шарлиз Терон (39) и Шон Пен (54) ја раскинаа веридбата, тврдат извори на магазинот "US Weekly".

Веста за раскинувањето на познатиот холивудски пар за многумина беше и големо изненадување бидејќи во јавност важеа за еден од најхармоничните парови и покрај разликата од 15 години.

Шарлиз и Шон долго време се познаваа пред нивното пријателство да прерасне во љубовна романса во 2013-тата година.



Во едно интервју актерот изјави дека е подготвен да се ожени и трет пат, иако своевремено тврдеше дека никогаш повторно нема да застане пред матичар после распаѓањето на неговите први два брака. Сепак, после само година дена врска, познатиот пар се вереше во месец декември минатата година, во Париз.


Актерот претходно беше во брак со Мадона, од 1985-тата до 1989-тата година. Неколку години подоцна, во 1996-тата година тој се ожени со својата колешка Робин Рајт со која има и две деца, Дилан и Хопер.



Шарлиз зад себе има повеќе врски, но ниту еден брак. Како најинтересни би ги издвоиле врските со колегите Крег Биерк и Стјуарт Таунсендом. Таа има и едно дете, синчето Џексон, кое што таа го посвои во 2012-та година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О