Најзгодната мајка: Може ли уште некоја да се пофали со вакво тело?

Богатата наследничка Тамара Еклстон повторно замина на годишен одмор. Овојпат нејзиниот избор беа Бахамите. Преубавата Тамара очигледно уживала на белите песочни плажи, додека присутните со сигурност уживале во погледот кон неа.

Тамара дефинитивно блеска во овој бело-виолетов бикини кој што очигледно се потрудила да го впари со минијатурен бикини на својата ќеркичка. 






Оваа згодна 30-годишна мајка неодамна изјави и дека е најсреќна во кругот на семејството и дека времето најмногу сака да го минува со својата малечка ќеркичка Софија.

- Сега сум потполно поинаква личност! Навистина никогаш во животот не сум почувствувала толку големо количество на среќа, толку многу позитивна енергија... Воодушевена сум од мајчинството, вели Тамара.



Поранешниот модел е во брак со брокерот Џеј Рутланд од месец јуни, 2013-тата година, а нивната ќерка дојде на овој свет во месец март минатата година.

Инаку, за Тамара ова беше деветти одмор оваа година. Нејзиното тричлено семејство помина неколку дена на Бахамите, но не се сомневаме дека тие ќе се вратат и повторно.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О