Брутално: Италијанците буквално ги газат и тепаат бегалците

Специјалните единици на сила ги растераа луѓето кои што пет дена протестираа на италијанското крајбрежје и ги молеа Французите да им дозволат да влезат на нивна територија.

Италијанската полиција вчера на сила растера десетина бегалци кои пет дена протестираа на италијанско-француската граница и ги молеа Французите да им овозможат премин на нивна територија или во Германија.

Откако официјален Париз минатата недела одби да го стори тоа, несреќните луѓе пред се од Еритреја и Судан, со денови спиеја на карпите покрај морето на границата помеѓу овие две земји.

Меѓутоа, италијанските власти вчера одлучија тоа да го прекинат и испратија специјални единици со цел да го "расчистат" граничниот премин.



Вооружените полицајци во заштитни одела, со пендреци и кациги, пред преплашените жени кои плачеа и молеа за милост ги влечеа демонстрантите и ги туркаа во автобуси. А тие кои што пружија отпор, беа буквално "приковани" за земја, газени и тепани.



Колку за потсетување, во текот на изминативе неколку денови, околу стотина бегалци пристигнаа на крајбрежјето на Италија. Откако Франција ги затвори граничните премини за нив, потенцирајќи дека нема капацитет да прими уште имигранти, тие одбија да си одат, а потоа започнаа и со протестирање. Во текот на протестите тие носеа транспаренти со порака – "Ние сме луѓе", "Отворете ја границата", "Не се враќаме назад", опоменувајќи дека се попрво подготвени да скокнат во море и да се удават, отколку да се вратат назад од каде што дошле.



Европа без договори

Инаку, повеќе од 100.000 имигранти кои оваа година го прејдоа Медитеранот бегаат од беда или од војните во своите земји. Тоа се претежно луѓе од африканските земји, но и бегалци од Сирија.

Земјите членки на ЕУ вчера во Луксембург не успеаа да се договорат околу итниот план за распоредување на илјадниците бегалци кои што пристигаат на Средоземјето.



- Постојат несогласувања околу ова прашање. Нема заеднички став околу тоа дали треба да биде доброволно или обврзно, изјавил после состанокот летонскиот министер за внатрешни работи, Рихардс Козловскис чија земја претседава со ЕУ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О