Драматична снимка од Црна Гора: Полициски авион се урива во Скадарското езеро

Пилотот на авионот, за среќа, успеал да се извлече без повреди.

Противпожарниот авион "Dromader AT802A", кој е во сопственост на Авио-хеликоптерската единица на Црногорското МВР, вчера во околу 11 часот се урнал во Скадарското езеро.

Тоа се случило кога пилотот Бранислав Стојановиќ слетал во езерото да го наполни резервоарот со вода, за да се врати и да се обиде да ја сопре огнената стихија на планината Гарач, пишува Vijesti.



Пилотот на авионот, за среќа, успеал да се извлече без повреди.



Причините за несреќата и оштетата на леталото дополнително треба да бидат утврдени, се наведува во соопштението.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О