Нечисти, голи и бесрамни: Стјуардесите и патниците објавуваат навистина дегутантни фотографии од авионите

Покрај вакви патници дефинитивно не би сакале да седнете ниту во текот на летот, ниту било кога во животот.

Животот на авионските екипажи одамна веќе не е гламурозен како што на прв поглед тоа се чини, а и во авионите се почесто влегуваат толку непедантни луѓе кои што буквално ќе го превртат вашиот стомак наопаку ако сепак мора да седнете до нив.



Стјуардесите започнаа да објавуваат фотографии од своите искуства на друштвените мрежи – постовите со хаштагот #crewlife, #passengershaming и #flyingfeet ќе ви дадат навистина многу подобар увид во одвратните, нечисти и смрдлици ситуации со кои што стјуардесите се соочуваат во текот на летовите.


- Ниту еден лет не е ист. Никогаш не знаеш што те очекува кога ќе влезеш во авионот. Секој ден е нова авантура, вели стјуардесата Хедер Пул, но не во смисла дека секој ден е нова прекрасна авантура.

Зошто тогаш толку многу млади луѓе се пријавуваат за работа како дел од авионскиот екипаж?


- Па, кој не би сакал да помине барем еден ден во Њујорк, Париз или да се излежува барем неколку часа на карипските плажи, или пак да ги види одблиску најдобрите хотели, искрено вели Ден Ејр, кој работел како стјуард повеќе од 10 години а сега ја поседува страницата Confessions of a Trolley Dolly на Facebook, која има повеќе од 73.000 обожаватели.

#Passengershaming и #crewlife се популарни хаштагови со кои стјуардите и стјуардесите ги бележат и интересните дестинации на кои што тие биле, како што е и оваа подолу.

Но, тука сè почесто се објавуваат и бизарните барања на патниците, голотиите и нивните необични пози на седиштата.

Поранешната стјуардеса Шон Кетлин, која со години пишува свој блог, сега ја креираше и страницата Passenger Shaming на Instagram и Facebook.


Таа вели дека патниците секоја недела и испраќаат барем стотина фотографии од ужасите кои останатите патници ги прават во текот на летовите, но и различните чудни и непедантни луѓе кои што секојдневно патуваат.


- Сепак, говориме за мал број на луѓе. За среќа, често запознавате одлични луѓе и некогаш со нив дури и се спријателувате, вели таа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О