Без оглед на успехот, секој има свој почеток. Токму во денешната ретро-фиока се потсетуваме на тоа како денешните супермодели изгледале кога првпат зачекориле професионално на писта.
Жизел Бундшен
На ревијата на Александар Меквин во 1997 година, за сезона пролет-лето 1998 (лево) – Последната ревија во нејзината кариера за време на модната недела во Сао Паоло во април годинава. Учеството на ревијата на Меквин ја лансираше тогаш 17-годишната Жизел во модниот свет. Три години подоцна, таа стана еден од Ангелите на Викторија.
Кендис Свонпул
(лево) Ревија на Томи Хилфигер пролет-лето 2006 одржана во 2005. Шоу на Викторија Сикрет во 2014 (десно). Уште на 16-годишна возраст стана еден од Ангелите на Викторија, по што кариерата ѝ оди само во нагорна линија.
Адриана Лима
(лево) Адриана во 2000 година за ревијата на Rygy за време на модната недела во Сао Паоло во јануари. (десно) Лима на ревија на Балман оваа година, за сезона есен-зима 2015. Инаку, нејзиното прво појавување е во 1997 година на ревија на Ана Суи за време на модната недела во Њујорк.
Синди Крафорд
(лево) 1990-та година, ревија на Дона Каран за пролет-лето ’91, додека на фотографијата од десно, Синди е на ревија на Естебан Кортесар за пролет-лето 2004 година.
Џордан Дан
(лево) Џордан Дан за првпат се појави на ревија на Марк Џејкобс за есен-зима 2007 година, додека десно е учеството на Џордан на ревијата на Балман за есен-зима 2015 година.
Линда Еванџелиста
(лево) На ревија на Келвин Клајн во 1989 година и на ревија на Диор за есен-зима 2008 на модната недела за Висока мода (десно). Инаку, Еванџелиста почнала да се занимава со моделство уште во 1984 година, кога имала 19 години.
Иман
(лево) Иман во 1981 година се појави на ревија на Michael Vollbracht. Во 2012 пак, ја видовме како презентер на Strut: The Fashionable Mum (десно). Инаку, последното појавување на Иман на писта беше во 1989 година, по што се пензионираше, па оттогаш се појавува само на одредени настани и гала вечери.
Миранда Кер
(лево) Во 2005 година се појави на ревијата на Heatherette. Ја гледавме и на ревијата на Соња Рикел за пролет-лето ’15 минатата година (десно). Таа се занимава со моделство уште од тинејџерски денови, а на 21-годишна возраст од модел за сурферска опрема на австралиски бренд, преминува да работи во Њујорк, каде станува и еден од Ангелите на Викторија со најдолг стаж.
Наоми Кембел
На фотографијата лево 17-годишната Наоми е на пролетната ревија на Ив Сен Лоран од 1987 година, а оваа година ја гледавме како го затвора шоуто на Зак Посен за есен-зима (десно).
Наталија Водјанова
(лево) На ревија на Том Форд за Ив Сен Лоран во 2002 година, додека на фотографијата десно е на зимската ревија на Живанши во 2013 година. Иако кариерата ја започнува уште во 1990-тите, вистински успех доживува по појавувањето на оваа ревија од 2002 година.