Од сончање умираат повеќе луѓе отколку во сообраќајни незгоди!

Ајкула, змија, диви животни, терористи, но и несовесни возачи на патиштата се секако добри причини за да бидеме исплашени. Но, тие не се ни одблиску толку големи непријатели како нашата најблиска ѕвезда, ако сме опсесивни за тоа да добиеме бакарен тен!

Статистиката вели дека годишно умираат многу повеќе луѓе од прекумерно сончање, отколку во сообраќајни незоди. Ова важи подеднакво за сите тенорексичари, без разлика дали се сончаат без граници на некоја плажа или ако тоа го прават во солариум.



Просто кажано, сончањето е далеку поопасно отколку што мислиме дека е, особено што многу луѓе не ги сфаќаат сериозно опомените на лекарите да не се изложуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот, кога штетноста на УВ зраците е најголема.


Во обид да добијат бакарен тен, голем број на луѓе, нажалост, добиваат сериозни изгореници и трпат последици кои со себе носат црвенило и изгореност на кожата. А освен брчките и пребрзното стареење, најлош исход е смртносниот рак на кожата.

Дека опомените на лекарите не се за занемарување покажуваат и резултатите од најновото истражување кое открива дека ракот на кожата предизвикува повеќе смртни случаеви од сообраќајните незгоди, а стапката на смртност е поголема кај жените.

Многу жени се решаваат и за инстант решение – сончање во солариум. Поради недоволна информираност или пак преголема желба за исончан тен, тие за летото неретко се подготвуваат токму во солариумите, несвесни дека со тоа си ја потпишуваат сопствената смртна пресуда.



Резултатите од студијата покажуваат дека на врвот на листата на смртоносноста предизвикана од рак на кожа се наоѓа Португалија, со дури 72 отсто повеќе смртни исходи од штетни УВ зраци во оснос на сообраќајните незгоди. Потоа следи Австралија со 71 отсто, а потоа САД со 62 отсто и Канада со 51 отсто, а зад нив се Ирска, Шпанија и Велика Британија со 40, 35 и 25 отсто.



Нема податоци за тоа каде се наоѓа Македонија на оваа листа, но сигурни сме дека прочуениот македонски инает и речениците од типот – "Нема шанса да користам крема", "Што ми може Сонцето?" или "Јас никогаш не горам!", неретко се слушаат, а неретко не се користи и буквално никаков заштитен фактор, ниту пак се внимава на периодите во кои што се изложуваме на сончевите зраци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О