Опасната Ронда повторно победи: Ја уништи противничката за 34 секунди

Бразилката Бет Кореија со денови се закануваше пред почетокот на мечот со Ронда Роузи, порачувајќи ѝ дека ќе ја скрши од ќотек. Но, кога конечно дојде моментот што се очекуваше зборлестата Бет ја снајде исто што и нејзините претходнички, нокаут.



Дваесет и осумгодишната Ронда Роузи ја оствари својата 12 победа. Од 12 настапи таа има 12 победи. Овој пат ја победи противничката за само 34 секунди пред нејзините навивачи во Рио Де Жанеиро.

Ронда ја започна борбата жестоко уште во првата секунда, со удари во главата и телото, а по помалку од половина минута ја нокаутира противничката со силен удар со десната рака во главата.

Бразилката не успеа ниту да ја издржи првата рунда со Роузи, но сепак може да се пофали дека подолго време издржала во борбата, за разлика од претходните две противнички. Алексис Дејвис падна по 16 секунди борба со Ронда, а Кет Зингано по 14 секунди.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О