ФОТО: Пријателите и семејството се простија од Боби Кристина, единственото дете на Витни Хјустон

Семејството и пријателите вчера се простија со Боби Кристина Браун (22), која беше единствено дете на покојната музичка дива Витни Хјустон и раперот Боби Браун, на приватна церемонија северно од Атланта.


Телото на 22-годишната девојка било превезено во сребрен ковчег во Обидинетата методистичка црква Ст.Џејмс во Алфарети, каде на погребот можеле да присуствуваат само поканети.


Семејството на Боби Кристина, особено нејзината баба Циси Хјустон, раперот Боби Браун и негговата сопруга Алисија дочекале многу славни личности меѓу кои бил и медиумскиот могул Тајлер Пери и пејачката Моника.

Браун почина на 26 јули, по шест месеци откако беше пронајдена онесвестена во кадата во својот дом во Атланта.

По инцидентот, таа никогаш не се разбуди од кома, а шестмесечната борба и грижа за нејзиниот живот на семејството му нанесе болка која никако не поминува.


Нејзиниот партнер Ник Гордон, кој ја пронашол во кадата постојано повтроувал во медиумите дека не му е дозволено да ја посети во болницата, а наводно не се ни појавил на нејзиниот погреб.


Во јуни тој беше обвинет дека дошол до сметките на Боби Кристина и украл 11.000 долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О