Го барала синот речиси една година, а тогаш го видела селфито од овој пар

Џон Андерсон Едвардс исчезнал после повреда на главата во август минатата година во Португалија.

Мајката чиј син исчезнал пред 11 месеци во Португалија, верува дека го пронашла и тоа благодарение на селфито кое еден пар го објавил на Фејсбук.



54-годишната Лесли Едвардс на фотографијата од натпревар на Челзи на Стемфорд бриџ во позадина забележала маж кој изгледал исто како нејзиниот 31-годишен син Џон. Имено, својот син последен пат го слушнала во август минатата година, после што му се изгубила секоја трага. Тој бил во португалскиот Лагос, каде што требало да работи како готвач, пишува Daily Mail.

Џон пред да исчезне доживеал тешка повреда на главата, а сите негови работи, од документи до облека, биле пронајдени во станот кој го изнајмил во Португалија.



Оваа фотографија од Фејсубук на мајката ѝ ја испратил еден пријател на кој исто така му се присторило дека во позадина е исчезнатиот Џон.

„Го бараме речиси една година и имавме толку погрешни информации и траги... Кога ја видов оваа фотографија веднаш си помислив ’Боже мили, па тоа е мојот Џон’“, вели мајката на исчезнатиот маж.



Сега преку Фејсбук ги моли сите кои го виделе да ѝ помогнат, а оваа фотографија во рок од три дена била споделена повеќе од 1.500 пати.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О